fbpx

Volkswagen претстави три нови мотори

Volkswagen претстави три нови енергетски единици на симпозиумот посветен на автомобилските мотори, во Виена

Toa се хибриден систем од 48 волти, мотор со природен гас и хибриден 2.0-литарски дизел.

Со нивна помош, германскиот производител мора да ги намали просечните нивоа на штетни гасови од целиот модел на гамата на 95 g/km во 2020 година. Главниот фокус на компанијата е хибриден систем со стартер-генератор, напојуван со 48-волтна батерија. Таа обезбедува дополнително забрзување и може целосно да го затвори моторот при инерцијално движење, овозможувајки потрошувачка помала за 0,3 литри гориво на 100 km.

хибриден систем

Првиот модел кој го добива овој „умерен” хибриден систем е следната генерација на VW Golf. Моторот 1.5 TGI Evo на природен гас или синтетички е-гас е опремен со директно вбризгување и турбополнач со варијабилна геометрија. Моќноста на единицата е 130 КС и 200 Nm вртежен момент. Потрошувачката на овој мотор е 3,5 килограми гас за 100 километри, а автономијата со еден резервоар е 490 километри.

Дизел електричниот хибрид го доби EA288 Evo индексот, вклучувајки 2.0-литарски мотор со внатрешно согорување, генератор со стартер со 12 волти и комплет литиум-јонски батерии. Моќта на системот варира од 136 до 204 КС, а првично ќе биде само за моделите на Audi.

Поврзани вести

Back to top button