Volkswagen собори уште еден рекорд
Германскиот концерн Volkswagen евидентира нов рекорд годинава, како прв производител кој продал три милиони нови автомобили во една земја во една календарска година, соопшти Deutsche Welle
Очекувано, постигнувањата се евидентирани на најголемиот пазар на автомобили во светот, во Кина. Во Volkswagen се убедени дека со доаѓањето на „епохата на електрични возила“, чиј старт е закажан за почетокот на следната деценија од овој век, продукцијата на концернот ќе продолжи да биде уште поконкурентна во Кина.
Volkswagen евидентира нов рекорд годинава
Само во ноември, германскиот производител продаде 995.900 единици низ целиот свет. Најголемиот дел од нив – 457.800, се во регионот Азија- Пацифик, а следуваат Европа – 364.700, Северна Америка – 84.500 и Јужна Америка – 47.800. За 11 месеци од 2017 година, глобалниот резултат на концернот е 9.743.400 единици, што е за 3,9% повеќе од истиот период во 2016 година. Од нив, во Кина има 3.724.000 продажби, во Европа е 3.991 000, Северна Америка – 884.900 и Јужна Америка – 483.100 единици.