fbpx

Volkswagen со електрични возила од 16 фабрики

Volkswagen Group објави дека до крајот на 2022 година, гигантот ќе произведува автомобили со електричен погон во 16 свои комплекси во целиот свет

Во моментов, тоа се случува во три, а во наредните две години нивниот број ќе се зголеми до девет.

Од Volkswagen Group потенцираат, исто така, дека за да се обезбеди очекуваното производство на електрични возила, компанијата веќе има постигнато договори со производители на батерии во Европа и Кина, во вредност од околу 20 милијарди евра. Од гигантот очекуваат наскоро да биде постигнат договор за испорака на батерии и за пазарите на територијата на Северна Америка.

– Оваа година, планираме девет нови автомобили, вклучувајки три со целосно електричен погон, да бидат додадени во портфолиото од осум електрични и plug-in хибридни возила на групата, потенцира Матијас Милер, извршен директор на Групацијата.

Поврзани вести

Back to top button