fbpx

Volkswagen го пропушта салонот во Париз

Volkswagen нема да учествува во автомобилскиот саем во Париз оваа есен, се обрати официјално германската марка со соопштение до медиумите

По избувнувањето на глобалниот скандал Дизелгејт, во септември 2015, Volkswagen сериозно го ограничи присуството на големите традиционални автомобилски салони, како Детроит, Франкфурт, Женева… Една oд причините за ова е заштеда на средства кои се потребни за санирање на последиците од Дизелгејт, која чини милијарди долари, а другата е дека автомобилските марки сé повеќе се ориентираат кон различни настапи, како CES во Лас Вегас на пример, Пекинг…

Volkswagen

Сега наместо да учествува со свој штанд во француската престолнина на 2 и 3 октомври, VW објави дека планира различни „комуникациски активности” во француската метропола. Неодамна Audi најави дека ќе го пропушти и салонот во Детроит во јануари, каде оваа година VW Group забележа доста ограничено присуство, но сепак ќе биде дел од збиднувањата во Париз.

Портпаролот на Volkswagen за Франција објави дека освен Audi, исто така Porsche, Škoda и SEAT ќе се најдат во халите крај Сена.

Поврзани вести

Back to top button