Volkswagen запре со производство на Scirocco
Volkswagen Scirocco повеќе нема да биде достапен во продажните центри на компанијата, откако германскиот концерн конечно го прекина производството
Спортскиот хечбек Volkswagen Scirocco се базираше на петтата генерација на VW Golf. Опсегот на моторот вклучува два бензински и два дизел мотори кои се движат помеѓу 140 и 200 КС. Во 2009 година, компанијата издаде набилдана верзија – R-Addition, опремена со 2.0-литарски 4-цилиндерски турбо мотор кој развива 265 КС и 350 Nm.
Volkswagen Scirocco
Volkswagen го објасни овој потег за повлекување на Scirocco на едноставен начин-ниска побарувачка. Веќе на почетокот на годината, компанијата понуди „проштална” верзија на хечбекот. Подоцна, излегоа информации дека моделот може да се оживее како спортски електричен автомобил, но германскиот производител сеуште не го потврди ова.