fbpx

Volkswagen се пофали со полначките способности на ID.4

Volkswagen објави тизер видео за ID.4 во кое се прикажуваат полначките способности на електричниот кросовер на компанијата

Додека светот ја очекува премиерата на Volkswagen ID.4, германскиот производител објави нов тизер со камуфлиран прототип, а овојпат во фокусот се способностите за брзо полнење на електричниот кросовер. Volkswagen ID.4 ќе биде опремен со влез за брзо полнење (CCS Combo 2 во Европа).

Тизер видеото го прикажува ID.4 на IONITY мрежата за брзо полнење. Се уште нема никакви детали за моќноста на полнењето, но на видеото може да се забележи дека при 95 проценти статус на полнење (SOC), откако прима 11,4 kWh енергија, автомобилот се уште се полнеше со 27,4 kW.

https://youtu.be/qSPsFYbX6Vc

Со оглед на тоа дека само со овие детали не може да се проценат полнечките перформанси, треба да се напомене дека просекот од 32 kW и 27,4 kW при 95 проценти SOC воопшто не е лош резултат. Во најголемиот број случаи, возачите на електрични автомобили користат брзо полнење меѓу 10 и 80 проценти, со тоа што последниот дел обично е и најбавен.

Највисоката полнечка моќност на ID.4 најверојатно ќе биде до 125 kW, како што е случајот со ID.3, но тоа ќе зависи исто така и од нивото на опременост како и од капацитетот на батеријата, со што некои верзии можеби ќе се полнат само со 100 kW или помалку.

Кога станува збор за европскиот пазар, Volkswagen ID.4 ќе биде достапен со три различни on-board полначи, најверојатно 11 kW и 22 kW опции.

Претходно, во пресрет на дебито на 23 септември во САД, Volkswagen објави видео на Twitter во кое го открива предниот дел на долгоочекуваниот ID.4.

Поврзани вести

Back to top button