VW не се откажува од седаните за американскиот пазар
Volkswagen нема намера да се откаже од патнички автомобили, кои ќе ги нуди на американскиот пазар
Дури ќе продолжи да пласира и седани, иако во моментов не се многу популарни, но повеќето од нив ќе се електрични.
Ова го изјави шефот на VW за Америка Хинрих Вобкен, кој објасни дека компанијата нема да го следи примерот на Ford во овој поглед. Минатата недела американскиот гигант најави дека ќе ги скрати палетата патнички модели за пазарот во Северна Америка, а од неа ќе останат само Mustang и кросовер верзијата на Focus со ознаката Active, која ќе се увезува од Кина.
– Секако, SUV моделите ќе се главниот дел од нашата палета во Америка, објасни Вобкен. – Но, ние не се откажуваме од компактни модели и седани. А, кога зборуваме за електрични возила, кои се исклучително важни за нас, седаните имаат многу предности, чисто технички.
Оваа форма и нискиот коефициент на аеродинамичен отпор имаат влијание врз досегот на електричните изведби. Така можеме да видиме повеќе електрични седани кај нашите дилери во блиска иднина.
Компанијата неодамна ја претстави новата Jetta, како и елегантниот Arteon, а наскоро ќе се појави и целосно обновениот Passat. Во прилог доаѓа и новата палета електрични со ознаката I.D. каде влегува и седанот I.D. Vision. Овој концепт дебитираше во март и е опремен со батерија со моќност od 111 киловат-часови, што во европскиот циклус му дава километража од 664 километри.