Volkswagen со две хибридни варијанти на Golf
Volkswagen сака да понуди две plug-in хибридни варијанти на следната генерација на Golf, стандардна и верзија фокусирана на перформансите
Двете plug-in хибридни варијанти на осмата генерација на популарниот хечбек треба да ги задоволат потребите на они кои сакаат стандарден PHEV, како и за оние кои сакаат електрифициран автомобил со повеќе фокус на перформансите.
Френк Велш, член на одборот за истражување и развој на Volkswagen, изјави дека новиот Golf GTE со 241 коњски сили ќе понуди повеќе системска моќност од својот претходник. Покрај тоа, треба понудена да биде и PHEV верзија со моќност од 201 коњски сили, односно со перформанси како својот претходник, но не под етикетата GTE.
Велш додаде дека GTE ќе се продава со 201 и 241 коњски сили. „Тековниот GTI е со 241 коњски сили, што значи за GTE да е навистина GTE мора да доаѓа со истата бројка. За оние кои повеќе ја сакаат денешната plug-in хибрдна верзија, ќе понудиме варијанта со 201 коњски сили, која доаѓа без GTE додатоците и едноставно личи на обичен Golf.“
Volkswagen ќе ја искористи осмата генерација на Golf за да го воведе моќниот 48V благ хибриден погон и новиот асортиман на микро-хибриди кои ќе вклучуваат верзии кои се напојуваат со компримиран природен гас. Што се однесува до целосно електрична верзија, производителот нема да ја понуди во асортиманот на Golf, затоа што наместо тоа, ќе го понуди новиот ID.3.