Volkswagen со нов тизер за ID.4, дебито за неколку недели
Volkswagen ќе го претстави ID.4 за неколку недели, поради што германската компанија објави нови тизер фотки за електричниот кросовер
Како што може да се забележи од тизер фотографиите кои ги објави Volkswagen, електричниот кросовер ID.4 ќе ги следи стапките на ID.3 и ќе има целосно затворена предна решетка која ќе биде „опколена“ од „завратени“ предни светла. Сепак, електричниот кросовер ќе има помускулест преден браник и поистакнати отвори за воздух.
Фотографиите кои ги објави Volkswagen не откриваат премногу, но сепак кросоверот беше откриен од страна на кинеското министерство за индустрија и информатичка технологија нешто претходно годинава. Овие фотографии покажаа дека Volkswagen ID.4 ќе има „приливен“ надворешен изглед и опаѓачки покрив.
Комплетните детали се очекуваат да бидат објавени наскоро, но познато е дека ID.4 ќе биде поставен на MEB платформата и се очекува да се понуди со погон на задните и сите четири тркала. Моделот со погон на задните тркала ќе користи единечен електромотор кој произведува 204 КС и 310 Nm вртежен момент. Опцијата со погон на сите четири тркала ќе добие дополнителен електромотор поставен на предната осовина и се очекува на кросоверот да му донесе комбинирана моќност од 306 КС и 450 Nm вртежен момент.
Volkswagen исто така се очекува да понуди повеќе батериски опции, вклучително и онаа која ќе понуди автономија до 500 километри според WLTP критериумите.
Во секој случај, покрај фотките, Volkswagen сподели и дека електричните возила се „иднината на личниот транспорт. Компанијата исто така најави дека ќе ги „демократизира“ електричните возила бидејќи досега, како што велат, „електричните возила најчесто се лимитирани на конкретни држави или на луксузни возила“.