fbpx

Volkswagen со помош на Renault ќе развива евтини ЕВ

Volkswagen и Renault ги забрзуваат плановите да донесат достапни електрични автомобили на пазарот како одговор на новите учесници од Кина

При претставувањето на ID.2all како иден електричен автомобил чија цена ќе биде помала од 25.000 евра, VW најави и уште еден, поевтин електричен автомобил. Плановите се да се произведе почетен модел во понудата кој ќе чини под 20.000 евра. Сепак, Volkswagen бара партнер за да го забрза развојот и да подготви навремен одговор на кинеската конкуренција, а тоа би можел да биде Renault.

Automotive News Europe го цитира германскиот деловен весник Handelsblatt кој вели дека VW моментално има преговори со Renault. Разговорите очигледно се во „рана фаза“ и една од целите е да се постигне годишно производство од 200.000 до 250.000 автомобили за двата производители на автомобили.

Од Volkswagen не го коментираа сето ова, додека портпаролот на Renault контактиран од Automotive News Europe истакна: „Ние сме во различни дискусии, но ништо не е финализирано“.

Француската марка ќе го лансира новиот R5 во 2024 година, една година пред закажаното лансирање на продукцискиот ID.2all. Покрај тоа, француската компанија веќе го најави оживувањето на R4 што треба да се појави во 2025 година, како и на следната генерација на Twingo, кој ќе служи како базичен ЕВ и влезна понуда на брендот, а треба да се појави во продажба во 2026 година.

Renault ја користи архитектурата Ampr Small (претходно CMF-BEV) како основа за 5, 4 и Twingo. Иако тие ќе се продаваат само како ЕВ, ниту еден од нив нема да биде поставен на платформа развиена исклучиво за електрични автомобили. Дури 70 проценти од деловите ќе доаѓаат од постоечката CMF-B платформа што ја користи Clio за да ги намали трошоците.

Не е јасно дали почетниот електричен автомобил на VW ќе има нешто заедничко со Twingo или планот е да се развие нова архитектура. Најевтиниот ЕВ на Renault исто така ќе чини под прагот од 20.000 евра и ќе го замени актуелниот Twingo Z.E.

 

Поврзани вести

Back to top button