Volkswagen T-Cross пристигнува оваа есен
Volkswagen на интернет просторот ги објави првите скици за целосно својот нов модел Т-Cross, со кој се проширува SUV гамата на марката
Volkswagen T-Cross, кој ќе биде претставен официјално во текот на есента, ќе се приклучи на SUV семејството на марката, каде веќе се изведбите на Т-Roc, Eos, Tiguan Allspace и предводникот Touareg. Освен за европскиот пазар оваа изведба ќе се нуди на клиенти во Кина и Јужна Америка.
Во моментов од Volkswagen не коментираат за деталите на T-Cross, туку споделуваат само дека ова ќе е кросовер со должина од 4.107 mm и ќе биде подеднакво добар како за градските метежи, на пат, како и надвор од него. Развиен врз база на модуларната платформа MQB, новиот модел ќе биде опремен со задни седишта со можност за регулирање надолжно, што гарантира дополнителна пространост.