fbpx

Volkswagen T-Roc со нов основен дизелски агрегат

Компактниот кросовер на Volkswagen, моделот T-Roc, отсега е достапен со нов 1.6-литарски TDI дизел мотор, позајмен од моделите SEAT Arona и Skoda Karoq

Тој е петти во гамата на кросоверот и е достапен само во верзиите со пренос на предните тркала. Германскиот производител смета дека новиот мотор ќе им овозможи на кросовите подобро да им конкурираат на моделите од сегментот, како Nissan Juke, Renault Capture, Hyundai Kona…

Како што се знае во моторната гама на Volkswagen T-Roc влегуваат три бензински турбо мотори со волумени од 1.0, 1.5 и 2.0 литри, чија моќност е 115, 150 и 190 коњи, како и 2.0-литарски дизел, кој развива 150 КС.

На тестови неодамна беше подложена и набилданата верзија на кросоверот Volkswagen T-Roc R. Се очекува оваа модификација да добие под капакот 2.0-литарски бензински мотор со моќност од 305 коњи.

Volkswagen T-Roc

Поврзани вести

Back to top button