Женева 2019: Volkswagen T-Roc R доаѓа со 300 коњски сили
Volkswagen ги објави првите официјални податоци и фотографии на новото спортско засилување T-Roc R кое ќе дебитира на меѓународниот саем во Женева на почетокот на следниот месец.
На штандот на Volkswagen на Женевската изложба ќе биде претставена концепт варијанта на T-Roc R, за кој од компанијата велат дека демонстрира речиси сè што ќе предложи сериската верзија.
Volkswagen T-Roc R доаѓа со 4Motion систем за погон на четири тркала, 7-степен роботизиран менувач специјално доработен екстериер и ентериер, и 2.0 литарски TSI мотор кој е во состојба да генерира максимална моќност од 300 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Nm.
Крајниот резултат од работата на единицата VW R е можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 4.9 секунди и максимална брзина на движење од 250 km/h (електронски ограничена). T-Roc R се одликува исто така со оптимизирана суспензија, систем за сопирање позајмен од Golf R Performance, посебен тркачки режим на работа, систем за оптимално поаѓање од место, можност за импресивни 19-инчни тркала, челични навлаки на педалите, како и бројни прилагодувања за внатрешни работи.