fbpx

Што мислат шефовите на VW за Tesla?

Неодамна шефовите на VW ги „бомбардирале“ медиумите со серија интересни и контроверзни говори за Tesla, компанијата која ги смени перцепциите на потрошувачите за електричните возила

Пред околу два месеци, извршниот директор на Volkswagen, Херберт Дис, објави дека германскиот гигант има опции кои не биле достапни за Tesla. Тој беше категоричен дека VW ќе ja сопре Tesla во нејзината желба да стане лидер во сегментот на електрични автомобили. Нешто повеќе од еден месец подоцна, Дис е со спротивното мислење и верува дека Tesla има способности кои не се достижни за VW.

VW

– Toyota, Hyundai и француските производители на автомобили живеат во стариот свет. Новиот свет е Tesla. Таа припаѓа на нашите ривали кои имаат вредности што ни недостигааат, рече Дис, кој во првиот говор ги користеше речиси истите зборови.со спротивно значење.

VW

Но, главниот извршен директор на Volkswagen Group и шефот на Дис, Матијас Милер, е малку со поинакво мислење. Според него, Tesla не претставува закана за VW, и тој не е целосно убеден дека иднината целосно им припаѓа на електрични возила.

– Не можеме да ги споредиме јаболки со круши, објасни Милер за CNBC. – Tesla е компанија која продава помалку од 100.000 автомобили годишно, а ние продаваме 10 милиони. Освен тоа, Tesla работи со загуба и сериозни проблеми, а ние заработуваме помеѓу 12 и 13 милијарди евра годишно, мора да бидеме реални? Што се однесува до дизелот, за кои и натаму се крева голем прав, денес нудиме чисти мотори на пазарот. Тие ги исполнуваат сите законски барања, како и потребите на нашите клиенти.

Милер е на мислење дека крајната одлука за тоа кој ќе ја добие битката за пазарот што претстои – електричните или возилата со моторите со внатрешно согорување, ќе одлучат потрошувачите.

– Ќе има коегзистенција помеѓу електричните мотори и електрифицираните системи за мотор со внатрешно согорување во следните 10 до 20 години, па затоа мораме да бидеме трпеливи и да чекаме клиентите да изберат кој концепт го сакаат, објасни Милер.

Поврзани вести

Back to top button