fbpx

Volkswagen Tiguan R и Arteon R „уловени“ на Нирбургринг (Видео)

Volkswagen активно ги тестира своите спортски модели Tiguan R и Arteon R на култната патека Нирбургринг

Покрај Passat R36, Touareg R50 и Polo R WRS Street, R дивизијата во најголема мерка се врти околу Golf R. Но, тоа очигледно се менува, бидејќи покрај T-Roc R, претставен минатата година и неодамна лансираниот Touareg R, перформансната дивизија на Volkswagen ќе биде дополнително проширена за уште два модели, Tiguan R и Arteon R.

Новиот спортски тандем на Volkswagen минатата недела на патеката Нирбургринг беше забележан од страна на Auto Addiction YouTube каналот. Станува збор за тестирањата на Tiguan R и Arteon R, иако последниот модел се појавува само неколку секунди во видеото. Двата автомобили се на патеката без никаква камуфлажа бидејќи е очигледно дека на нив не се сите панели од каросеријата на сериските модели, така што практично нема ни што да се крие.

Знаејќи како во Volkswagen ги дизајнираат своите спортски пулени, Tiguan R и Arteon R ќе поседуваат суптилни промени кога станува збор за стајлингот. Вистинските промени се однесуваат на помоќните кочници, спортскиот систем на потпирање и оптимизација на шасијата, а акцентот ќе биде ставен на моторните единици кои ќе располагаат со моќност од преку 300 КС.

Volkswagen се уште без детали за спецификациите

Volkswagen ќе се потпре на сопствените мотори. Кон крајот на 2017 година е развиен турбо VR6 со 400 КС, но од тогаш речиси и да нема ништо ново за оваа машина. Поврзано со тоа, Мартин Хубе портпаролот Volkswagen истакна дека VR6 Arteon би бил побрз и од Porsche Panamera. Меѓутоа, не е јасно дали новиот мотор воопшто ќе се најде во некој сериски модел. Она што исто така не е познато е дали Tiguan R во своите спецификации ќе може да се пофали со овој мотор.

Тоа ќе биде познато подоцна во текот на годинава, бидејќи R верзиите ќе дебитираат со редовните рестилизации на Arteon и Tiguan. Двата модели ќе добијат и plug-in хибридни верзии кои ќе го носат суфиксот GTE.

Поврзани вести

Back to top button