Volkswagen Virtus GTS и Polo GTS со продажба од следната година
Volkswagen за јужноамериканскиот пазар внесува „спортски моќи" во Polo hatchback и Virtus седан со лансирање на нови GTS модели
Откако минатата година на Саемот за автомобили во Сао Паоло беше претставен Virtus GTS Concept, Volkswagen реши да ги лансира VW Polo GTS и Virtus GTS кои воедно се и првите спортски автомобили развиени во Бразил на MQB платформа.
И давата модела располагаат со 1.4 литарски четири-цилиндричен TSI бензински мотор со 150 КС и 250 Nm вртежен момент и 6-степен автоматски менувач. Како што стојат работите, мануелниот менувач нема да се нуди и покрај GTS позиционирањето на моделите.
И двата GTS модела доаѓаат со поостар надворешен изглед на LED фаровите, нови браници, решетката со GTS ознака и црвени акценти на фаровите кои продолжуваат и во внатрешноста. Volkswagen Virtus GTS добива и 17-инчни алуминиумски тркала со гуми 205/50 R17, црн сјаен спојлер на задната врата и браникот, црвена линија и GTS лого на решетката, црни ретровизори, кожен волан со црвени шевовите, како и спортски педали и спортски седишта со кожни акценти.
VW Polo GTS покрај веќе спомнатото добива и две издувни цевки. Компанијата сè уште нема објавено податоци за перформансите за двата модела, чија продажба во Бразил би започнала на почетокот на следната година.