Volvo 360c – алтернатива на авионите?
Volvo го претстави својот автономен концепт 360c. Тоа е модел кој треба да започне нов поглед на употребата на автономни автомобили
Идејата на Швеѓаните е дека луксузните автономни автомобили во блиска иднина би можеле да бидат алтернатива на авионите, особено кога станува збор за кратки патувања. 360c е целосно придвижен од електричен погон и дебитира без волан и педали. Во зависност од желбата на клиентот може да се конфигурира внатрешноста, а електричното возило може да понуди и место за спиење, мобилна канцеларија, место за состаноци и така натаму.
Кратките растојанија опфаќаат патувања на 300 или малку повеќе километри, при што летовите со авион не се особено ефикасни поради големото време што се губи на аеродромот – на полетување и слетување. Овој концепт ќе го користи Volvo како платформа за демонстрирање на способностите на новиот универзален комуникациски систем со другите учесници во сообраќајот.