fbpx

Volvo: Размена на податоците за патиштата

Камионите и автомобилите на Volvo од сега ќе можат да комуницираат меѓу себе на патиштата и автоматски да предупредуваат за опасни ситуации на истите

Иновативниот проект започна да се употребува во Шведска и Норвешка од оваа година. Ова е нов револуционерен чекор. Дело од соработката помеѓу двете шведски компании Volvo Trucks и Volvo Cars. За целта Volvo Trucks претстави облачна услуга „Безбедност преку поврзување” (Connected Safety), која им овозможува на товарните и патничките возила автоматски да се предупредуваат меѓусебно за опасни ситуации на патот. Преку иновативниот состав, возачите ќе можат да ги споделуваат информациите за опасност во сообраќајот во реално време.

Connected Safety

При вклучување на предупредувачки светла камионот испраќа сигнал кон облачните услуги на Volvo Trucks во поврзаниот со интернет мобилен телефон на возачот. Од таму, информациите се препраќаат до услугата Volvo Cars. Потоа се испраќа предупредување до сите поврзани обични и комерцијални возила кои се приближуваат до локацијата на возилото со активирани предупредувачки светла. Сличен е и процесот во кој возачот на автомобилот ја сигнализира опасноста.

Connected Safety

„Автомобилот што ќе застане на страна од патот со слаба видливост, ризикува да биде погоден од задната страна, што може да има сериозни последици. Ако до возачите на сите лоцирани во близина автомобили и камиони биде испратено претходно предупредување, тоа ќе им даде можност да ја намалат брзината, да го регулираат начинот на возење во согласност со ситуацијата на патот и да се избегне судир “, објаснува Карл Јохан Алмквист, директор за безбедност на патиштата и производот на Volvo Trucks.

Connected Safety

На подолг рок, облак услугата може да се прошири со дополнителни безбедносни карактеристики.
„Со понатамошното усовршување на технологијата и со поврзувањето на уште автомобили кон системот, информациите во реално време ќе стане важен прилог на системите за интелигентна безбедност и помош на возачот со кои располагаат нашите камиони.

Со „Безбедност преку поврзување” започнува нова фаза во нашата постојана борба за популаризација на безбедно возење и спречување на несреќи “, вели Емануеле Пига, Директор за Клиентски одлуки и развој на нови услуги, во Volvo Trucks.

Volvo Trucks ќе ја воведе првично „Безбедност преку поврзување” кај новите камиони во Шведска и Норвешка, каде значителен дел од сезонските регистрации на нови возила паѓаат на модели од Volvo Trucks и Volvo Cars.

„Подобрената соработка помеѓу различни учесници во сообраќајот е клучна за подобрување на безбедноста на патиштата. Ако поголем број на автомобили се во можност да разменуваат информации во реално време, ова може да го намали ризикот од несреќи.

Со „Безбедност преку поврзување” ние ги отвораме вратата кон иднината со надеж дека повеќе производители на автомобили ќе се приклучат на оваа услуга “, заклучува Карл Јохан Алмквист.

Системот ќе се нуди во Шведска и Норвешка во 2018 година, а „Безбедност преку поврзување” може да се користи кај Volvo FH16, Volvo FH, Volvo FM и Volvo FMX, опремени со интегриран систем на Volvo Trucks за услуги, информации и забава во зависност спецификацијата на камионите и изборот на услуги. Volvo Cars нуди „Безбедност преку поврзување” кај сите нови модели Volvo XC60, Volvo XC90, Volvo XC40, Volvo S90 и Volvo V90.

Поврзани вести

Back to top button