fbpx

Volvo не повлекува возила од пазарот

Потребата за сензационализам деновиве доведоа до преувеличување на една стандардна процедура во авто индустријата, на што официјалниот претставник на брендот Volvo Cars, Premium AGS се појави со соопштение

Сите познати и одговорни производители во автомобилската индустрија ја пратат продажбата на своите модели и ги истражуваат слабите точки во нив. Секогаш кога тие ќе наидат на потенцијален проблем, пред тој самиот да настане, повикуваат на “Recall”, односно отповик на своите клиенти за превентивна корекција. Повеќето од тие потенцијални проблеми никогаш не настануваат, а оние останатите се спречени со овој вид на кампања. Затоа треба да се прави дистинкција помеѓу “отповик” и “повлекување од пазарот”, нешто што навистина многу ретко се случува!

Во прилог, официјалното соопштение од Volvo Cars Macedonia:

Реакција:
Volvo Cars не повлекува автомобили од пазарот!

Низ медиумите „проструи“ вест дека Volvo Cars на светско ниво „повлекува или повлекол“ 1 милион возила поради проблем кој може да доведе до пожар во моторот, но се работи за неточна информација.

Volvo како бренд е светски лидер кога станува збор за безбедноста и токму благодарение на ревносните истражувања на шведските инженери дојдено е до заклучок дека можен е потенцијален проблем кај дел од автомобилите во оптек.

Имено, се работи за дел од автомобилите со 4-цилиндрични дизелски мотори од моделските години 2014 до 2019 за кои истражувањата на Volvo открија дека постои можност, при одредени услови, да дојде до топлинско деформирање или растопување на пластичните делови од всисната грана, што во многу ретки случаи може да дојде и до локално потпалување на истите.

Сепак, клучно е да се потенцира дека досега не е забележан НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ на ваков проблем (растопување или пожар) и повикот на Volvo Cars до сопствениците на овие автомобили е исклучиво од превентивна природа. Тоа што Volvo како бренд јавно ги повикува сопствениците да го посетат својот овластен Volvo сервис е уште еден доказ за исклучително високото ниво на професионалност и високи стандарди според кои работи брендот.

Volvo Cars и понатаму останува најбезбедниот бренд на пазарот.

Поврзани вести

Back to top button