Volvo со нов бренд за мобилни услуги
Во шведскиот Volvo започна со работа нова марка за услуги од областа на мобилноста
Марката со име „М“ ќе ги прошири глобално мобилните операции на компанијата, осигурувајќи поголема функционаност на автомобилите и дополнителни услуги преку интуитивна апликација. Целта на „М“ ќе биде да ги анализира побарувањата и да ги информира потрошувачите за нивните технички потреби и да ги насочува правилно до типот услуга што им се нуди.
Во моментот дивизијата ја развива својата технологија наменета за овие потреби, која се очекува да биде целосно оперативна подоцна. Освен тоа, „М“ ќе се запознае со потребите, претпочитањата и навиките на клиентите, со цел персонализирање на врските со нив. „М“ ќе дебитира од пролетта на 2019 година најнапред во Шведска и САД.
-Услугите кои што се предлагаат, се поврзани првенствено со алтернативи за такси или јавен транспорт, објаснува Бодил Ериксон, извршен директор на Volvo Car Mobility. -Ние се разликуваме по тоа, што ќе се фокусираме на начинот, според кој луѓето ги користат автомобилите и ќе се адаптираме кон ова. Нашата цел е да предложиме вистинска алтернатива на услуги. Ова ќе ни овозможи да живееме како што бараме, да ги следиме сопствените размислувања, за да го заштедиме она што е најскапо-времето. Едноставно имаме извонредни решенија.