fbpx

Volvo нуди дополнителна погодност за своите клиенти

Американската поделба на Volvo Cars објави дека компанијата направила нов чекор кон промоцијата на новата апликација Pick up and Delivery на системот Volvo On Call

Американската поделба на Volvo Cars објави дека компанијата направила нов чекор кон промоцијата на новата апликација Pick up and Delivery на системот Volvo On Call, откако вработените на компанијата зеле и вратиле автомобили за сервисирање, без сопственикот на автомобилот да е вклучен во самата операцијата.

VolvoНовиот експеримент спроведен во Пало Алто, ја демонстрира основната предност на оваа програмата, која има за цел да се заштеди време на клиентите преку закажани преземање и враќања на автомобилот за сервис, испорака на производи, полнење со гориво и дури чистење на возилото. Целата комуникација и акција од страна на сопствениците на автомобили се прави преку апликација за мобилни телефони.

Volvo Cars коментираше дека корисничкото искуство на Pick up and Delivery е позитивно, не само за тоа што додава дополнителна удобност, туку и заштедува време.

Корисниците можат да добијат, доколку посакаат, да возат заменско возило додека нивното се сервисира. Кога сервисирањето на автомобилот ќе заврши, сопственикот може да ја сподели својата моментална локација или пожелна друга таква со наведено време за средба и претставникот на Volvo доаѓа со возилото на корисникот на лице место за промена на автомобилите.

Поврзани вести

Back to top button