Volvo ги опреми своите автомобили со компјутерски елементи на NVIDIA
Volvo објави дека ќе ги користи крафичките елементи NVIDIA Drive AGX Xavier со поддршка за вештачка интелигенција за своите автомобили од следната генерација
Почетокот на производството на новите модели се очекува во почетокот на 2020 година, пишува The Wing. Хардверот од NVIDIA ќе им овозможи на Volvo автомобилите да интегрира нови комуникациски врски, технологија за управување на енергијата, можности за персонализација и автономна технологија на погон.
На самиот почеток, автономното ниво на управување од втора категорија ќе биде достапно. Таквиот автопилот ќе му помогне на возилото да се придржува до избраната лента или да изврши итен прекин.
NVIDIA претходно изјави дека нивниот софтвер е способен и за следење на движењата на главата на возачот.
Специјализираниот компјутер со вештачка интелигенција и чип од NVIDIA ќе се појави на сериските модели на шведската компанија базирани на платформата Scalable Product Architecture 2 (SPA 2). Ова се наследници на тековната сериите 90 и 60.