Volvo продава помалку во Европа, повеќе во САД и Кина
Volvo најави дека продажбата на брендот на глобално ниво се зголеми за 5,3% во октомври, а растот во САД и Кина помогна да биде покриено намалувањето на трансакциите на другите клучни пазари за компанијата
За минатиот месец компанијата реализирала 47.841 автомобили, што значи дека продажбата за првите 10 месеци достигна 461.313 единици, а тоа е зголемување за 8,6% во споредба со истиот период минатата година. Така, шансите на Volvo да евидентира четврта година по ред со рекордни продажби стануваат сè посериозни.
Решавачки за растот на продажбата се побарувачката на новиот SUV модел XC60, како и моделите од серијата 90 – седанот S90 и караванот V90. Во Кина, растот на продажбата во октомври изнесува 30%, а продажбата во САД се зголеми за 11%. Во Европа, Блискиот Исток и Африка продажбата на Volvo опадна за 4,8 отсто, а домашниот пазар на Шведска за 3,5 отсто.