fbpx

Volvo поставува максимална брзина од 180 km/h за сите нови автомобили

Volvo Cars, е една од автомобилските марки кои придонеле најмногу за зголемувањето на безбедноста на автомобилите, но и на сите учесници во сообраќајот

Тие објавија дека сите нивни нови автомобили ќе бидат со електронски ограничена максимална брзина на движење од 180 километри на час од 2020 година.

„Volvo е лидер за безбедност, секогаш сме биле и секогаш ќе бидеме”, коментира Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на брендот. „Врз основа на нашите истражувања знаеме каде се проблематичните области кога станува збор за ставање крај на сериозните повреди и фаталните случаи во нашите автомобили. И додека ограничувањето на брзината не е сеопфатно решение, вреди да пробаме да спасиме само еден живот“.

Volvo

Освен ограничувањето на максималната брзина, Volvo Cars работи на уште една интересна тема за зголемување на безбедноста на патиштата, односно изградба на виртуелни ѕидови во близина на училишта и болници меѓу кои ќе има автоматско ограничувања на брзината.
Во 2011 година, Volvo Cars сподели план Vision 2020, според кој во 2020 година треба да се стави крај на тешките повреди и смртни случаи во новите автомобили на марката.

Поврзани вести

Back to top button