Volvo ќе присуствува на салонот во Лос Анџелес, но без автомобили
Volvo на многу невообичаен и љубопитен начин ќе присуствува на овогодинешниот Car Automility LA настан кој ќе започне кон крајот на овој месец.
Volvo вели дека со промената на автомобилската индустријата се менува и компанијата. Тие, иако нема да присуствуваат со возила, на изложбената површина ќе бидат претставени различни технолошки решенија, системи за поврзување, услуги за снабдување директно до возилото и друго.
„Наместо да покажеме концепт автомобил, ние ќе се претставиме со концептуалноста негова“, рече Мартен Левентам, одговорен за стратегијата за производство на Volvo Cars. „Оваа година нема да ја бркаме автомобилската награда на салонот, но за нас тоа не е проблем“.
„Наместо само да правиме и продаваме автомобили, навистина ќе им понудиме на нашите корисници слобода да се движат на персонализиран, одржлив и сигурен начин“, вели Хакан Самуелсон, генерален директор на Volvo. „Ние им нудиме на нашите клиенти пристап до автомобилот, вклучувајќи атрактивна услуга во секое време и на секое место што им е потребно“, заврши тој.