Volvo продолжува да ја зголемува продажбата
Volvo соопшти дека во април бележи раст во продажбата од 7,4% или 56.535 единици
Брендот во првите четири месеци од годината на пазарот пласирал 218.000 возила (+8,9%). Најпродаван модел во месец април 2019 година е XC60 со 16.545 продадени примероци, а веднаш после него следи XC40 со продадени 10.801 примерок. Третото место со продажба од 7.954 единици му припадна на XC90.
На кинескиот пазар Volvo бележи раст во продажбата од 16,8%, со 12.192 продадени единици, а како најпродаван модел е XC60. Во Европа најпродаван модел е XC40, а на овој пазар се продадени 27.963 возила на брендот. Во САД се пласирани 8.367 возила, а најпродаван модел од оваа автомобилска компанија е XC90.