Volvo ќе произведува автомобили на Lynk & Co во Белгија
Производителот на луксузни автомобили Volvo Cars ќе одговара за составувањето на автомобилите на новиот бренд Lynk & Co, кога тие ќе слегуваат од склопување во комплексот на компанијата во Гент, во Белгија, од крајот на следната година
Прогласувањето на оваа одлука ги демонстрира блиските односи меѓу двете марки, откако Volvo Cars стекна 30% од уделите на Lynk & Co минатата година. Самиот бренд беше лансиран од Zhejiang Geely Holding, сопственикот на Volvo Cars, во 2015 година.
– Гледаме голем потенцијал во навлегувањето на овој бренд на европскиот пазар и со задовплство ќе му обезбедиме на Lynk & Co технолошка и индустриска подршка, врз искуствата на Volvo, коментира Хакан Самуелсон, претседател и извршен директор на Volvo Cars.
Во моментов, во фабриката на Volvo во Гент, се произведува целосно новиот компактен SUV модел XC40, кој е Автомобил на годината 2018 на Европа, како и V40 / V40 Cross Country и S60, а наскоро се очекува и старт на составувањето на новиот V60.