Шефот на Volvo го покажа новиот S60
Главниот извршен директор на Volvo, Хакан Самуелсон, објави на Twitter слика на новиот модел на марката - S60, направен за време на тестовите на островите Лофотен во Норвешка
Ова е дел од зимските тестирања на снег на новиот модел чие производство ќе стартува подоцна оваа година во фабриката на Volvo во Јужна Каролина, САД. Кај новиот S60 се користи истата платформа како при последниот претставен модел на марката – караванот V60 – SPA (Scalable Product Architecture). Најверојатно двата модела ќе ја делат и палетата мотори – 4 мотори и хибридни верзии со моќност од 340 и 390 коњски сили.
V60 дебитира во февруари во Стокхолм, а премиерата на S60 се очекува да е во летото оваа година.
Дел од опремата на V60, што секако ќе се појави и во понудата на S60, е системот City Safety која препознава пешаци и големи животни и кој ги активира автоматски сопирачките за да ги минимизира последиците од евентуален удар. Исто така, V60 се нуди и со системот за полуавтономниот управување Pilot Assist, која одговара за маневри, забрзување и кочење при брзини до 130 км/ч, а ќе го видиме и во Ѕ60.