fbpx

Volvo ве кани во својот виртуелен свет

Пандемијата на коронавирусот направи огромен проблем за автомобилската индустрија, пред се кога станува збор за продажбата, но од Volvo имаат интересна идеја како да се надмине тоа

Автомобилските производители наоѓаат начини како да се надмине целата криза која е предизвикана од пандемијата на Covid-19. При тоа, секако да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање. Јасно е дека продажбата на автомобилите опадна во изминатите месеци. Причина е неможноста на заинтересираните купувачи да ги посетат салоните на производителите. Но, во Volvo се досетија на еден поинаков начин да се приближат до заинтересираните купувачи.

Имено, Volvo Македнија го „лансираше“ својот виртуелен салон. Со тоа, оние кои се заинтересирани да купат нов автомобил, или пак оние кои само сакаат да разгледаат, имаат можност да влезат во виртуелниот свет на Volvo. Притоа почитувајќи ги мерките за дистанцирање и да се чувствуваат сосема безбедно во време на пандемија. Во светот веќе е секојдневие да се посетуваат виртуелните салони и да се врши „онлајн“ купување. Притоа, истите се одлично прифатени од страна на купувачите. Сега тоа пристигнува и во нашата земја.

Ова е не е ништо ново кога станува за компаниите кои се обидуваат на сите начини да се приближат до клиентите. Овој начин на комуникација веќе започна интензивно да се применува од страна на големите светски брендови. Така сега, можете да пристапите до веб сајтот на Volvo Македонија и можете да ги погледнете моделите од актуелната гама на шведската компанија кои се нудат во салонот на Премиум АГС, официјалниот застапник на Volvo во Македонија.

Во виртуелниот свет на Volvo се наоѓа комплетната XC гама на автомобили, како и S60, V60CC и V90CC. Volvo Македонија овозможува да погледнете голем број од деталите за секој автомобил. Исто така се нудат и неколку точки преку кои се објаснуваат карактеристиките и опремата која ја нудат возилата.

И покрај полицискиот час и мерките за изолација, до виртуелниот салон на Volvo можете да пристапите од каде сакате и кога сакате, бидејќи истиот е достапен 24 часа. Се што треба да се направи е да се посети официјалната веб страна на Volvo Македонија.

Поврзани вести

Back to top button