fbpx

Volvo ќе вградува камери кои ќе ги следат возачите

Оваа година, Volvo ќе понуди автомобили опремени со камери за следење на однесувањето на возачот. Компанијата се уште не ги потврди овие информации, кои за прв пат беа објавени од страна на магазинот Automobil.

И покрај загриженоста дека така се нарушува приватноста на возачите, многу аналитичари сметаат дека камерите всушност ќе помогнат на возачите и ќе имаат придонес, сличен на современите смартфони и преносните апарати за проверка на здравствената состојба. Директорот на Volvo задолжен за дигиталните проекти, Атиф Рафик, објасни дека камерите на автомобилите ќе се појават во наредните 12 месеци, но само како опција, односно нема да бидат наметнати на клиентите.

„Камерите што го следат однесувањето на возачот ќе бидат додадени на нашите автомобили во 2019 година“, рече Рафик. „Зборуваме за многу напредна технологија, овие камери можат да мерат нивото на гликоза или да контактираат болница ако откријат дека возачот има здравствен проблем“, додаде тој.

Шведската компанија има имиџ на производител на автомобили, за кој безбедноста на патот е најважна, а нејзините раководители сметаат дека ваквите уреди се чекор во вистинската насока.

Првиот таков експеримент на Volvo е од 2014 година, кога со такви камери беше следено однесувањето на различни возачи во Шангај, за да се анализираат реакциите во стресни ситуации поврзани со возење во густ градски сообраќај. Таквите камери се користат и во проектот на Volvo XC90, кој се вика Drive Me. Во 2017 година, со нивна помош, беше разгледана промената во однесувањето на возачот во транзицијата кон режимот на автономно движење.

Поврзани вести

Back to top button