Volvo XC40 е Автомобилот на годината во Европа за 2018
Новиот кросовер на Volvo - XC40, беше избран за Автомобил на годината за 2018 во изборот на европските новинари
Резултатите од годишниот конкурс се објавени традиционално во предвечерјето на 88-тото издание на автомобилски салон во Женева.
Шведскиот модел успеа да добие 325 поени и да биде подобар од Seat Ibiza – 242, BMW 5 – 226, Kia Stinger – 204, Citroen C3 Aircross – 171, Audi A8 – 169 и Alfa Romeo Stelvio – 163. Ова е изборот на 60 претставници на медиуми од 23 земји од Европа. Секој еден од гласачите има право да распредели 25 поени меѓу 7-те финалисти, а даден модел не може да добие повеќе од 10 бодови.
Автомобилите се проценуваат според следниве критериуми: дизајн, комфор, управливост, перформанси, функционалност, еколошки барања, задоволството на сопствениците и цена. Техничките иновации, како и соодносот на цена / квалитет, исто така, се земаат во предвид.