fbpx

Volvo XC60 е Светски автомобил на годината за 2018

Новата генерација на Volvo XC60 е Светски автомобил за 2018 година, објавија организаторите на конкурсот, традиционално во предвечерјето на Салонот за автомобили во Њујорк

Ова е прва награда во овој избор за компанијата. Пред само неколку дена, друг модел, Volvo XC40, ја освои наградата Автомобил на годината за 2018 во Европа, па на некој начин се комплетира успехот на шведскиот гигант под капата на кинескиот Geely. Во финалето на светскиот избор, XC60 беше подобар од Mazda CX-5 и Range Rover Velar. Шведскиот модел, исто така, го освои признанието во северно-американската трка за автомобил во класа на кросовери.

Жирито, кое го сочинуваат 82 новинари од целиот свет, го прогласи победникот во категоријата „најпреставителен автомобил”, а признанието оди кај Audi A8, кој беше поуспешен од Porsche Cayenne и Porsche Panamera. За најдобар спортски автомобил, беше избран BMW M5, кој ги надмина во гласањето Honda Civic Type R и Lexus LC500. Во категоријата „градски автомобил” триумф на VW Рolo, пред Ford Fiesta и Suzuki Swift.

За „зелен автомобил” прогласен е Nissan Leaf, пред Chrysler Pacifica и BMW 530e iPerformance, а наградата за најдобар дизајн ја освои Range Rover Velar во конкуренција на Volvo XC60 и Lexus LC500. Пред една година првото место го освои Jaguar F-Pace, кој беше поуспешен од Audi Q5 и Volkswagen Tiguan. За прв пат, Светскиот шампионат на годината за автомобили се одржа во 2005 година кога најдобар беше Audi A6.

Светски автомобил на годината за 2018 Volvo XC60

 

Поврзани вести

Back to top button