fbpx

Воздушни перничиња и на детските столчиња

Компанијата Maxi-Cosi започна со производство на првото седиште за деца опремено со воздушни перничиња

Моделот се нарекува AxissFix Air и е наменет за „малите патници“ со височина помеѓу 61 и 105 сантиметри.

На страната од седиштето се вградени две воздушни перничиња кои се активираат за 0,05 секунди во случај на несреќа. Производителот тврди дека воздушните перничиња ја намалуваат силата на ударот за 55% во областа на главата и вратот на детето кое е во седиштето.

Засега уредот кој е опремен со систем за прицврстување Isofix, а може да се ротира 360 степени, е достапен само на пазарот во Велика Британија, а цената изнесува 780 долари. Се очекува производителот да почне да го извезува и во други земји.

Поврзани вести

Back to top button