fbpx

Возевме: Новите Citroën C5 Aircross и Berlingo

Неколку дена по пристигнувањето на новитетите на македонскиот пазар, Автонова, регионалниот застапник за Citroën, ни организираше неколку дневно дружење со последните остварувања од компанијата, односно моделите C5 Aircross и Berlingo (и Van)

Citroën C5 Aircross, последен се приклучи на SUV офанзивата во пониската класа на PSA групацијата. Овој модел, заедно со Peugeot 3008 е направен на EMP2 платформата, а тука е и Grandland X на Opel. Го нема на секој пазар, но во оваа група е и луксузниот DS7 Crossback. Должината му е 4.500 mm, има ширина од 1.840 mm, висок е 1.670 mm, а меѓуоскиното растојание е 2.730 mm.

Citroën C5 Aircross | Citroën C5 Aircross и Berlingo
Citroën C5 Aircross | Citroën C5 Aircross и Berlingo
Citroën C5 Aircross | Citroën C5 Aircross и Berlingo

    Со C5 Aircross, Citroën ја заокружи својата обнова на гамата каде главен акцент има мускулестиот и заштитнички дизајн. Уникатно кај најголемиот SUV модел на компанијата е повисокото држење со подлогата, нагласениот Airbump, неговите големи тркала, клиренсот од 230 mm, дополнителна заштита под каросеријата и премините на тркалата, како и богатата понуда на опции за персонализација. Заштитен дел кај овој модел е и програмата Citroën Advanced Comfort, со која новиот C5 Aircoss е најудобниот и најмодуларниот меѓу своите, со две ексклузивни иновации на Citroën: потпирање со прогресивни хидраучични перничиња и седишта Advanced Comfort. Тоа се 3 независни седишта назад со можност за лизгање, преклопување и накосување. Делот на зафатнината на багажниот простор е од 580 до 720 литри, доколку седиштата се повлечени нанапред, а во автомобилот со нив се создава чувство на уживање како во фотелја. Чувството на мекост и држење на телото е гарантирано од густ сунѓер со дебелина од 15 mm со што се избегнува заморот при долги патувања. Наслоните за глава се подесуваат во висина и длабочина, а треба да се наведе и системот со функција за масирање на повеќе точки на телото.

     

    Citroën C5 Aircross внатрешност | Citroën C5 Aircross и Berlingo
    Citroën C5 Aircross внатрешност | Citroën C5 Aircross и Berlingo
     Citroën C5 Aircross внатрешност | Citroën C5 Aircross и Berlingo

      Дизајнот на ентериерот не потсети на оној кој веќе го имаме видено кај C4 Cactus. Хоризонтално поставена конзола со 12 инчен централен екран на допир, преку кој може да се контролираат голем дел од работите вклучени во опремата на автомобилот. Во автомобилот има, како што велат од Citroen вкупно 20 технологии од последната генерација, кои помагаат при управувањето. На пример тука е Highway Driver Assist, систем кои нуди автономно управување од второ ниво, шестте системи за поврзување, како vozevme Citroen C5 i Berlingoи камерата ConnectedCAM Citroën® која нуди опција да следите се што се случува пред автомобилот.
      Во понудата на автомобилот се вклучени ефикасни дизел и бензински мотори кои развиваат од 130 до 180 коњски сили, а со нив има можност да се искомбинира и новиот осум-степен автоматски менувач ЕАТ8. Citroën C5 Aircross исто така ќе биде и првиот модел на концернот кој до крајот на оваа година ќе биде презентиран и во Plug-in Hybrid изведба. Од агрегатите, клиентите ќе можат да се одлучат помеѓу четири верзии. За они кои преферираат бензински мотори, тука е 1.2 PureTech погонот со три цилиндри и со 130 КС, и четири цилиндерскиот 1.6 THP 190 кој развива 180 КС. Послабиот морот е во комбинација со шест степен мануелен менувач, додека овој посилниот со автоматски. За оние другите, кои се љубители на дизелските погони, тука се 1.5 BlueHDi со 130 КС и 2.0 BlueHDI со 180 „коњи“. Кај Citroën C5 Aircross погон на сите тркала не очекувајте, но затоа пак французите го нудат својот интелигентен систем за контрола, осносно за тракција на предните тркала Grip Control. Системот има повеќе опции на работа како Standard, Sand, Off-road, Snow и ESP OFF. Во овие модови, возилото знае како треба да се постави, со што ќе добиете максимално чувство на погон на сите тркала.

      Citroën Berlingo

      Другото возило со кое имавме можност да го пробаме на патеката на Навак беше легендарното Berlingo. Претставено во 1996 и произведено во повеќе од 1,5 милиони примероци, Citroën Berlingo со својата трета генерација е посветено на патниците и професионалците именувано како Berlingo Van. Новото Berlingo прави вистински генерациски скок во смисла на стил и опременост. Робусен и комплетно во согласност со идентитетот на марката, добива нови карактеристики за екстра комфор и модуларност. Дизајниран за сите намени и прилагоден за сите професионалци, новиот модел е достапен во две големини, M и XL, а се доближува на потребите на клиентите со две верзии „Worker“ и „Driver“ според филозофијата и употребата.

       

       Berlingo | Citroën C5 Aircross и Berlingo
       Berlingo | Citroën C5 Aircross и Berlingo
       Berlingo | Citroën C5 Aircross и Berlingo

        Ефикасен со големата товарна зафатнина, лесен пристап и бројни конфигурации на кабината, вклучувајќи Extenso Cab или Crew Cab, претставува идеален партнер за сите професионалци. Новото Citroën Berlingo Van е изграден на нова платформа за подобро ракување, повеќе комфор и повеќе безбедност. Обележувајќи нова територија во сегментот, опремено е со повеќе системи за помош во возењето и технологии за поврзување заедно со моторите од последна генерација вклучувајќи го новиот дизел и бензин каде исто така може да се комбинираат со новиот автоматскиот менувач EAT8.
        Кај понудата на мотори има еден бензински и четири дизел верзии. Онаа бензинската изведба е PureTech 110 S&S, додека останатите дизелски агрегати се Blue Hdi 75 BVM, BlueHDi 100 BVM, BlueHDi 100 S&S и BlueHdi 130. Без разлика за кој мотор да се одлучите, сите се ефикасни, еколошки и одлично го придвижуваат возилото. Дел од опремата е и Grip Control со Hill Assist Descent, со што новото Citroën Berlingo Van може да ја прилагоди влечната сила на своите тркала напред во зависност од подлогата како и да ја одржи својата брзина дури и при поизразена надолнина. За поголема ефикасност, оваа технологија која секогаш е поврзана со пакетот за градилиште – гарантира држење од подлогата зголемено за 30 mm, дополнителен заштитен капак под моторот како и широки тркала со дијаметар од 690 mm.

         

         Berlingo | vozevme Citroen C5 i Berlingo
         Berlingo | Citroën C5 Aircross и Berlingo
         Berlingo | Citroën C5 Aircross и Berlingo

           

          Поврзани вести

          Back to top button