fbpx

Врвните компоненти се гаранција за квалитетот на Gazelle Next

Gazelle е еден од водечките производители на комерцијални возила во Европа, а нивната Next линија ја игра клучната улога во успесите на компанијата

Gazelle Next лесните комерцијални возила се столбот на успехот на рускиот производител GAZ во последните години. Причина за тоа секако се сигурноста и квалитетот кои ја нудат визлата, чии пак постулати се потпираат на соработката со најголемите светски производители на компоненти во автомобилската индустрија, што овозможува рускиот производител на своите возила да понуди неприкосновена гаранција од 3 години во однос на конкуренцијата.

На широката листа на соработници на Gazelle се наоѓаат производители како Cummins, Bosch, Mando, Automotive Lighting, Delphi, ZF и Takata, кои ги снабдуваат Next комерцијалните возила со врвни квалитетни компоненти.

Next

Врвни технички перформанси

Возилата на Gazelle Next се одликуваат со сопствен дизајн на задниот систем на потпирање кој ги вклучува новата помошна пружина и најквалитетните амортизери од Mando, со што се обезбедува подобра стабилност и непречено функционирање на склопот. Корејската компанија исто така е задолжена и за предните сопирачки на возилата, а заедно со сопирачките елементи и ABS системот на Bosch, безбедноста и сигурноста кај комерцијалните возила на рускиот производител е издигната на врвно ниво. Конкретно, системот на сопирање кај Gazelle Next има трослојна безбедносна маргина и рекордни сопирачки перформанси, благодарение на сопирачките на Mando и деветтата генерација на ABS системот на Bosch. Вентилирачките диск сопирачки нудат поголема сопирачка ефикасност, а резултат на тоа е помалото сопирачко растојание, кое е 5% пократко во однос на европските конкуренти.

За безбедноста за патниците во кабината на Gazelle Next е јапонската корпорација Takata, која е задолжена за безбедносните појаси, а со компоненти ги снабдува Mazda, Nissan, Mitsubishi, Subaru, како и Chrysler, General Motors, Ford, Mercedes-Benz, BMW, Toyota и други. Кога станува збор за внатрешноста на Next возилата, не смеат да се заборават ниту електричните прозорци и механизмот од Brose, како и високо ефикасниот клима-уред на Delphi, кој покрај одличните перформанси во разладувањето и загревањето на кабината, нуди и можност за одмрзнување на предното стакло.

Сигурност и безбедност

Возачите, пак, зад управувачот на Next возилата ќе се чувствуваат сигурно благодарение на прилагодливата и енергетски абсорбирачката управувачка летва и управувачкиот систем со хидраулична помош произведен од компанијата ZF со што се подобрува управливоста и стабилноста на возилото кога ќе се соочи со нерамна површина. Ова е резултат на интеграцијата на предната суспензија и системот за управување во еден модул.

Next

За светлосните групации, односно фаровите и дневните светла се задолжени Automotive Lighting, германскиот производител основан од италијански Magneti Marelli и Bosch, а станува збор за првата компанија во светот која ги претстави задните LED светла, како и Full LED фаровите на автомобилскиот пазар. Предните светла на Next моделите, развиени со компонентите на Magneti Marelli, нудат поголема рефлектирачка површина и подобри параметри за осветлување на површината на патот, а уште од базичната верзија, возилата се опремени со дневни светла.

Сето ова, заедно со технички современите решенија, како и фактот дека возилата се развиени во современиот инженерски центар и строгата контрола на квалитетот, ги прават Next возилата беспрекорни на полето на безбедноста, сигурноста и доверливоста, додека Gaz се истакнува како водечки производител на пазарот на комерцијалните возила.

 

Поврзани вести

Back to top button