fbpx

Втора победа за Мартин Делев на Twingo Cup

Втора кружна трка за Twingo Cup на патеката во Кичево, втора победа за Мартин Делев

Вчера се одржа втората кружна трка на патеката во Кичево во рамките на Twingo Cup, каде повторно на првото место заслужено се најде Мартин Делев. Со време од 28:15.846, тој се најде пред второпласираниот Давид Малинковски, кој финишираше со задоцнување од 0.356 секунди.

Третата позиција му припадна на Емил Нацка, четвратата на Ангелчо Стојковски, додека пак на петтото место се најде Слободан Трајковски. Сашо Кочевски не ја стартуваше трката, а Томислав Трајковски излета на двојната десна кривина во деветиот круг и не беше во можност да ја продолжи трката.

Twingo Cup

„ На патеката во Кичево имаше лоши временски услови, па затоа сакаме да им се заблагодариме на натпреварувачите кои го прифатија предизвикот да возат на влажна патека и при вакви услови да го покажат својот тркачки талент“, изјави организаторот.

На крајот од секоја сезона за победниците, односно за првите три места се предвидени парични награди, додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на Twingo Cup е 100% електричното возило Renault Twizy.

Поврзани вести

Back to top button