fbpx

Втората генерација на Audi Q3 полн пакет нови технологии

Audi продолжува да го реализира планот за целосна обнова на својата гама, а на ред е новата втората генерација Q3

Атрактивниот дизајн може најлесно да се опише како Q8 во помали димензии, а од она што е најинтересно е што во него се интегрирани голем број сосема нови технологии. Производителот го претсави своето најново остварување моделот Audi Q3, но неговото деби пред јавноста официјално ќе биде во октомври, на салонот во Париз.

Ако вашето ново автомобилско остварување изгледа малку поголемо од претходната генерација, тоа не е визуелна илузија, туку реалност. Новиот Q3 е подолг за речиси 10 cm од својот претходник, а меѓуоскиното растојание порасна за 7.6 cm. Ова секако има влијание како врз димензиите на багажникот, така и врз просторот во кабината.

Audi

На глобално ниво, моторите за моделот ќе бидат три, барем во оваа фаза. Засега не се достапни целосни информации за агрегатите, но сигурно е дека ќе видиме 2.0-литарски турбо бензин со 190 КС, како и два дизели. Се очекува дека во иднина ќе им се додадат повеќе предлози. Режимите на возење ќе бидат автоматско, комфорно, динамично, off-road, ефикасност и индивидуално.

Внатрешноста може да се пофали со последната генерација на системот за виртуелен кокпит на Audi која користи 12,3-инчен дисплеј пред погледот на возачот.

Централната конзола, исто така, може да биде опремена со 8,8 или 10 инчен втор екран за навигациски и аудио системи. Листата од системи за безбедност вклучува emergency braking, rear cross-traffic alert, adaptive cruise control, active lane assist, lane departure warning и многу други. Продажбата на моделот во Европа ќе стартуваат од ноември оваа година, а во САД клиентите ќе го добијат во почетокот на следната година.

Поврзани вести

Back to top button