Втората генерација на Model S ќе изгледа уште подобро?!
Емре Хосмен, не толку познат независен дизајнер, ја претстави својата визија за тоа како може да изгледа следната генерација на Tesla Model S
Во оваа фаза нема информации дали калифорниската компанија веќе работи на таков автомобил, но е логично да очекуваме дека тоа ќе се случи порано или подоцна. Гледаме дека Хосмен ги следел веќе утврдените линии на Model S, кои тука се остри, но поаеродинамични и поагресивни. Слична визија, барем по нашето скромно мислење, совршено се вклопува на спортскиот електричен седан.
Интересно е дека дизајнот вклучува дневни LED светла во предниот дел инспирирани во голема мера од моделите на Renault. Се очекува следната генерација Model S да се нуди во конфигурации со преден, заден и двоен пренос. Се разбира, тоа се сосема првичните очекувања, кои може и да не се вистинити.