VW, Daimler, Ford и BMW со пан-европска мрежа на станици за полнење
Volkswagen Group, Daimler, Ford и BMW ќе ги здружат силите за изградба на единствена мрежа на електрични станици за полнење во Европа
Volkswagen Group, Daimler, Ford и BMW ќе ги здружат силите за изградба на единствена мрежа на електрични станици за полнење во Европа. Супер амбициозниот проект го носи името Ionity и предвидува отворање на над 400 станици на континентот до крајот на деценијата. До крајот на оваа година ќе бидат отворени 20 станици. Меѓу првите земји што се приклучуваат на проектот се Германија, Норвешка и Австрија, со растојание меѓу станиците на најмногу 120 километри.
За извршување на нивниот проект, автомобилските компании ќе работат заедно со други во индустријата, како што се Tank & Rast и OMV. До крајот на следната година, околу 100 станици кои работат на Комбинираниот систем за полнење (CCS) треба да бидат подготвени. Седиштето на новиот проект ќе се наоѓа во Минхен, каде што првично ќе работи тим од 50 лица.