VW ги објави деталите за новите Golf Variant и Alltrack
Volkswagen веќе претходно ги претстави караванските верзии на Golf, а сега и официјално ги соопшти сите детали за Golf Variant и Golf Alltrack
По објавувањето на иницијалните информации и фотографии кои Volkswagen ги покажа во септември, сега конечно двата нови модели можат да бидат прикажани подетално со нови фотографии и уште подетални информации. Volkswagen Golf Variant караванот пристигна, заедно со Golf Alltrack верзијата со погон на сите четири тркала.
Базиран на осмата генерација на Golf лансирана минатата година, Golf Variant e 66 милиметри подолга од својот претходник и нуди максимален багажен простор од 1.642 литри. Новиот Golf Variant исто така има и поголемо меѓуоскино растојание за 38 милиметри. Тоа овозможува и поголем простор за задните патници.
Ентериерот изгледа многу поразлично од претходно. Пред се, централната конзола која содржи дигитални панели на допир, „слајдери“ на допир и екрани наместо конвенционални копчиња и аналогни екрани. Сите Golf Variant модели имаат навигациски систем со пристап до мобилни онлајн сервиси без дополнителен трошок. Volkswagen ќе нуди и опционален head-up екран.
За време на лансирањето во ноември, VW ќе понуди три економични мотори. Базичната единица е 1,0-литарскиот eTSI бензински мотор со 48-волтна блага хибридна асистенција и 110 КС. По ова следуваат да турбодизел мотори – 2,0-литарскиот TDI со 115 КС и истиот мотор со 150 КС.
Подоцна ќе пристигнат уште три мотори – 1,0-литарскиот TSI со 90 КС и 1,5-литарскиот TSI со 130 или 150 КС. Опсегот на благи хибриди ќе биде проширен со два 1,5-литарски eTSI мотори со 130 и 150 КС. На крајот, 2,0-литарски TDI дизел агрегат со моќност од 200 КС ќе биде лансиран како стандарден погон за новиот Golf Alltrack во комбинација со седумстепен автоматски менувач со двојна спојка и 4Motion систем за погон на сите четири тркала.
Volkswagen ќе понуди четири трим нивоа во Европа за Golf Vаriant, а тоа се Base, Life, Style и R-Line. Од друга страна, Golf Alltrack ќе биде лансиран како независен модел. Тој ќе пристигне со стандарден 4Motion перманенетен погон на сите четири тркала и зголемен клиренс. Секако, тука е и изгледот кој ќе ја навестува природата на возилото за сите терени со специфични браници и специјален ентериер. Volkswagen исто така ќе понуди и Golf R Variant перформансен модел подоцна.