fbpx

VW го најави Taigo, новиот кросовер за Европа

Volkswagen го проширува своето семејство на кросовер модели на европскиот пазар со претставувањето на новиот модел Taigo ова лето

Германскиот производител ќе го лансира својот најнов кросовер на европскиот пазар. Новиот Volkswagen Taigo, кој е базиран на јужноамериканскиот Nivus, ќе пристигне на пазарот кон крајот на годината, а ќе се произведува во Памплона, Шпанија, заедно со Polo и T-Cross моделите кои ќе споделуваат голем број компоненти со Taigo, кој ќе им се приклучи и на ID.4, T-Roc, T-Cross, Tiguan и Touareg во кросовер поставата.

Taigo

„Чекањето заврши за оние кои чекаа кросовер возило кое комбинира повисока возачка позиција со силуета на спортско купе. Новиот Taigo ќе биде лансиран на пазарот со економичните TSI мотори, LED предни светла како стандард, модерен оперативен концепт, целосно дигитален кокпит и голем број на системи за асистенција“, открија од Volkswagen.

Taigo е минимално модифицирана верзија на јужноамериканскиот Nivus, кој поседува контролен панел кој е речиси идентичен со оној на Polo и на него е поставен 10-инчниот екран на допир од инфозабавниот систем во средината, кој може да биде комплементиран со 10,25-инчен дигитален инструмент кластер. Мултифункционалниот управувач е нешто поинаков, но централната конзола е речиси идентична со онаа кај Polo.

Меѓу системите за асистенција се наоѓа автономното сопирање во итни случаи, електронска контрола за стабилноста, асистенција за стартување во нагорнина, адаптивен темпомат, камера за возење наназад и така натаму. Volkswagen не ја најави моторната постава за новиот Taigo, но Nivus се нуди со турбо 1,0-литарски TSI трицилиндерски мотор кој испорачува 115 КС со бензин или 128 КС со етанол, а е во комбинација со шестстепен автоматски менувач и погон на предните тркала, додека погонот на сите четири тркала не е достапен ниту како опција. Во соопштението на VW дизел моторите воопшто не се споменати, така што веројатно Taigo нема да добие TDI агрегат.

Поврзани вести

Back to top button