fbpx

VW го оживува името Scout за електрични пикапи и SUV модели

По првичните шпекулации и најави, Volkswagen и официјално потврди дека ќе го лансира брендот Scout во Северна Америка со два целосно електрични модели

Volkswagen Групацијата ќе лансира два целосно електрични модели во САД под името на брендот Scout. Она што се најавуваше сега е и официјално, па така во следниот период ќе бидат лансирани еден SUV и еден пикап модел чија премиера во концептна форма ќе се случи во 2023 година, а автомобилите ќе влезат во продукциска фаза во 2026.

Со потврдувањето на претходните шпекулации, Надзорниот одбор на VW Групацијата ги одобри плановите за оживување на историскиот бренд. Новата ера за Scout ќе биде иницирана оваа година со основање на независен бренд под чадорот на VW Групаијата, со јасен фокус на американскиот пазар. Од Volkswagen велат дека новите модели ќе бидат дизајнирани, проектирани и произведени во САД за американските купувачи, што остава мал простор за извоз на другите пазари, пред се Европа каде Volkswagen има најголем дел од својата продажба.

Сопствена платформа

VW ќе ги претстави првите Scout прототипи следната година, но веќе е објавена дизајнерската насока преку два цртежи. Истите прикажуваат SUV со пет врати и пикап со двојна кабина, инспирирани од International Harvester Scout линијата на модели кои се продаваа во периодот меѓу 1961 и 1980 година. Двата модели ги споделуваат истите каросериски панели на предниот дел, но ќе имаат различно меѓуоскино растојание и должина. Коцкастата форма има традиционални оф-роуд пропорции слични на Land Rover Defender и Ford Bronco.

Според VW, опсегот на Scout ќе биде базиран на „нов концепт на техничка платформа која го носи кредибилитетот на новиот пикап и SUV над постоечкото портфолио на Групацијата“, Ова значи дека новите модели нема да користат MEB или PPE архитектура.

Целта на VW Групацијата е да достигне 10 проценти удел на пазарот во САД, а притоа да ја зголеми профитабилноста. Кога станува збор пак за Scout брендот, истиот се произведуваше под името International Harvester Scout во периодот од 1961 до 1980 година како конкурент на Jeep и се смета за еден од првите SUV модели на пазарот.

Поврзани вести

Back to top button