fbpx

VW Golf R најавен со тизер како најмоќниот Golf досега

Golf R пристигнува уште помоќен, уште подинамичен и далеку поефикасен од својот претходник, а за таа цел Volkswagen го објави првиот официјален тизер

Германскиот производител Volkswagen го објави првиот официјален тизер за својот хот хеч Golf R, за кој се смета дека е најмоќниот продукциски Golf во историјата на бестселерот на овој бренд. Премиерата на моделот се очекува на 4 ноември оваа година.

Volkswagen не открива премногу технички детали за новиот Golf R но истакнува дека е „уште помоќен, подинамичен, поефикасен, подигитален“ во однос на својот претходник. Најмногу се истакнува новиот систем за погон на сите четири тркала со селективна вртежна контрола на тркалата на задната осовина. Системот користи напреден динамички менаџмент систем кој работи во согласност со електронско заклучување на предниот диференцијал и адаптивната контрола на шасијата.

Како што може да се очекува, моќноста се испорачува преку најмоќната итерација на ЕА 888 2,0-литарскиот турбо мотор. Агрегатот добива нови технологии, како што е рутирањето на издувните гасови со водено ладење до турбо полначот во главата на цилиндерот или променливиот тајминг на вентилот со двојно прилагодување на брегастата оска. Се уште нема официјални детали околу моќноста на моторот, но според последните информации, истиот ќе испорачува околу 320 КС. Од она што е засега познато, Golf R би требало да се нуди со опција меѓу шестстепен мануелец или седумстепен автоматик со двојна спојка.

По дебито во среда следната недела, новиот Golf R ќе се најде во продажба многу брзо, со тоа што првите преднарачки во Европа се закажани да започнат на 5 ноември. Перформансниот Golf R се очекува да пристигне во продажните салони во две варијанти – хечбек и караван.

Поврзани вести

Back to top button