fbpx

VW ID.7 GTX Sedan пристигнува со 340 КС и погон на сите тркала

По дебито на ID.7 GTX Tourer во март, VW ја претстави Sedan варијантата на своето перформансно електрично возило

VW ја проширува поставата на ID.7 со вклучување на спортскиот GTX Sedan со два електромотори, откако претходно во март го претстави и GTX Tourer кој го има истиот погон.

Досега ID.7 беше достапен со еден мотор со 286 КС што ги придвижува задните тркала. Но, GTX додава преден мотор кој му дава на „пожешкиот“ ID.7 погон на сите тркала и ја зголемува вкупната моќност на системот на 340 КС.

Тоа не е огромно зголемување на моќноста, но VW вели дека забрзувањето од место до 100 км/ч кај GTX Sedan е за „помалку од“ 6 секунди, наспроти 6,5 секунди кај „обичниот“ ID.7.

Максималната стапка на полнење од 200 kW ги надминува максималните 175 kW што ги нудат другите модели со ID ознака и им овозможува на сопствениците да ги полнат своите би-моторни ID.7 86 kWh батерии од 10 до 80 проценти за „значително“ помалку од 30 минути.

Стилските знаци за перформанси додадени од дизајнерскиот тим на VW за да го издвојат GTX од другите ID.7 се обично дискретни. Нема трага од големото крило на капакот на багажникот или предниот сплитер кои се најдоа кај концептот ID.X Performance. Наместо тоа, сменета е долната решетка, 20- инчни тркала (21 се опционални), мали значки GTX под секој ретровизор, црн покрив и столбови и IQ.Light LED Matrix фарови.

Внатре, добивате спортски седишта покриени со комбинација од обична ткаенина и ArtVelours Eco microfleece, спортски волан со црвено штофови и опрема како осветлување во 30 бои што би ве чинело дополнително со обичен ID.7. Големиот 15-инчен екран на допир и head-up дисплејот се веќе стандардни кај ID.7.

Седанот и караванот GTX се продаваат во Европа ова лето. VW веќе соопшти дека планира глобално да ја укине ознаката GTX што ја воскресна за своите перформансни електрични возила.

Поврзани вести

Back to top button