VW ID.X Performance е концепт со речиси 560 КС
Концептот со два електромотори, ID.X Performance во суштина е ID.7 со сериозно подобрени перформанси и сериозни аеродинамични додатоци
Volkswagen e подготвен да ги следи стапките на своите конкуренти и да понуди перформансен електричен седан. Во моментов се уште нема ваков модел во понудата, но сето тоа може да се смени наскоро бидејќи VW го претстави концептот ID.X Performance кој многу веројатно е најава за сериски модел кој ќе пристигне во следните неколку години
Базиран на седанот ID.7, ID.X Performance визуелно има многу малку заедничко со неговиот пандан освен основната форма. Предниот дел има жестоко преуредување со голема црна решетка во основата на браникот и соодветни отвори на секој агол. Има и дифузер од карбон и црвена облога во форма на GTI што го обвиткува целото возило. Големата црна пластика ги покрива лаковите над тркалата, во кои се сместени сет од 20-инчни спортски тркала со специјална тркачка гума.
Спојлерот, заедно со предниот сплитер и задниот дифузор, се направени од карбон. Истите црвени елементи од предниот дел и од страните на автомобилот се протегаат и кон задниот дел. Целиот автомобил се наоѓа 60 милиметри пониско од традиционалниот ID.7.
Што се однесува до перформансите, концептот ID.X ја користи сеприсутната архитектура MEB која е основа на речиси сите модерни електрични возила VW, со два електрични мотори кои му даваат вкупна моќност од 558 КС. И исто како и ID.7, концептот ID.X Performance има DC капацитет за брзо полнење од 200 киловати.
VW вели дека комбинацијата на перманентен синхрон мотор на задната оска и дополнителен асинхрон мотор на предната оска е идеален за испорачување изливи на екстремна моќност и трпи мали загуби од отпорот.
Се разбира, нема потврда дека овој концепт некогаш ќе стигне до производство, но VW веќе потврди (и најави) пожешка ID.7 GTX варијанта со агресивни акценти, подобрена аеродинамика и најверојатно поголема моќност.