VW ја одложи конечната одлука за фабриката во Турција
Групацијата изрази загриженост во врска со моменталната состојба на Турција поради воената операција во Сирија
Групацијата Volkswagen ја одложи конечната одлука за тоа дали да ја изгради својата нова фабрика во Турција, рече портпаролот на компанијата. Одлуката е ставена под прашалник поради моменталните услови и меѓународни критики за воената операција на земјата во Сирија и загриженост за потенцијален негативен исход.
„Ние внимателно ја следиме тековната состојба и со грижа гледаме на тековните случувања“, рече портпаролот на компанијата.
Претходно овој месец, Volkswagen основаше подружница во западната провинција Маниса во Турција, а компанијата соопшти дека сè уште е во завршна фаза на преговори и дека не донела конечна одлука за фабриката.
Германската канцеларка Ангела Меркел во неделата изјави дека му рекла на турскиот претседател Таип Ердоган дека офанзивата мора да биде запрена затоа што ризикува да се создаде хуманитарна криза.
Турската фабрика е предвидено да ги гради следните генерации VW Passat и Škoda Superb, со максимален годишен капацитет на производство од 300.000 возила, според внатрешниот документ што го гледаше Automotive News Europe. Почетокот на производство беше закажано за 2022 година.