fbpx

VW објави нови фотки и први детали за ID.Buzz

Volkswagen објави сет на нови фотографии и детали за ID.Buzz и ID.Buzz Cargo во пресрет на нивната премиера следниот месец

Со оглед на тоа дека екстериерот на ID.Buzz беше прикажано повеќе пати претходно, повеќе од јасно е дека инспирацијата ја влече од T1 Microbus и се одликува со кратки надвиснувања и ретро предница со тенки фарови, а од Volkswagen потврдија дека моделот ќе биде поставен на тркала од 18 до 21 инчи.

Кога станува збор за големината, ID.Buzz ќе биде 4,712 милиметри долг, 1.985 широк и 1.9137 милиметри висок, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.988 милиметри. Електричното комбе ќе има конфигурација со пет седишта во ентериерот и багажен капацитет од 1.121 литри. Од друга страна, ID.Buzz Cargo ќе има три седишта и добива панел кој ќе ја дели кабината со просторот за складирање кој ќе има капацитет од 3.900 литри.

Од Volkswagen не открија дополнителни детали за кабината, но според некои други најави ID.Buzz ќе има дигитален инструмент кластер и инфозабавен систем со „портрет“ ориентација. Централната конзола ќе биде со минималистички дизајн, задни седишта на преклопување и двобоен тапацир на седиштата.

ID.Buzz е поставен на MEB платформата и има 82 kWh батерија која го напојува електромоторот поставен на задната оска кој испорачува 204 КС и 310 Nm вртежен момент. Од Volkswagen се уште не откриваат колкав ќе биде опсегот на движење, но потврдија дека моделот ќе има двонасочно полнење, Plug & Charge способност и електронски ограничена брзина од 145 километри на час.

Комплетните детали ќе бидат објавени следниот месец, но Volkswagen најави дека комбињата ќе добијат голем број на системи за асистенција на возачот. Меѓу нив ќе биде и новата Trained Parking функција, која автоматски ќе го маневрира ID.Buzz во и надвор од паркинг просторот. Моделот исто така ќе добие и Car2X технологија и најновата верзија на Travel Assist.

Volkswagen ID.Buzz ќе биде лансиран во Европа престојната есен.

Поврзани вести

Back to top button