Volkswagen подготвува R-верзии на три нови модели
Во моментов, германскиот производител Volkswagen има само еден модел - Golf, со R на неговото име, но тоа наскоро ќе се смени
Според Auto Bild, до крајот на 2018 година, семејството R ќе биде пополнето со најмалку три нови членови – Tiguan R и T-Roc R, како и Arteon R.
За овие планови од компанијата веќе напоменаа, но сега е познато на кои мотори ќе се потпираат новите верзии. На пример, T-Roc R ќе го добие моторот од Golf R 2.0 литарскиот со турбокомпресор EA888 TSI, кој за оваа целе ќе е сериозно надграден. Има добиено процесирани цилиндри, клипови, поголем интеркулер и турбина.
Моќта на моторот е 300 КС и 380 Nm вртежен момент. Volkswagen Tiguan R ќе го користи моторот од Audi RS3. Ова значи дека кросоверот ќе добие 5-цилиндерски TFSI со капацитет од 2,5 литри. Неговата моќност во Audi е 400 КС и 480 Nm вртежен момент, но за Tiguan R овие вредности може да бидат различни.
Што се однесува до Arteon R, набилданата верзија ќе добие 3.0-литарски VR6, која ќе надмине 400 КС. Во моментот, најмоќната модификација има 2.0 литарски турбо со 4 цилиндри и 276 КС.