fbpx

VW потврди, Audi и Porsche официјално влегуваат во F1

По месеци и месеци интензивни разговори и шпекулации, VW Групацијата официјално потврди дека и Audi и Porsche ќе се приклучат на Formula 1

Она што се најавуваше веќе некое време сега е и официјално потврдено. Volkswagen Групацијата влегува во Formula 1 шампионатот и тоа преку своите брендови Audi и Porsche. Оваа вест ја соопшти извршниот директор на групацијата, Херберт Дис, за време на разговорот кој беше пренесуван на официјалниот YouTube канал на VW.

Како што пренесува Reuters, Дис откри дека подготовките на Porsche за влегувањето во Formula 1 биле „малку поконкретни“ во однос на оние на Audi. Одлуката за двата бренда да влезат во F1 е донесена поради зголемената популарност на спортот на глобално ниво и можноста за искористување на новите регулативи кои ќе стапат на сила во 2026 година. Ова е опишано како „технолошки прозорец“ од страна на извршниот директор кој потврди дека е единствениот начин за новодојденците да се приклучат на спортот.

Иако Херберт Дис не сподели поконкретни детали, веќе беа познати дел од плановите на VW за влез во Formula 1. Porsche има за цел да создаде долгорочно партнерство со Red Bull Racing, со тоа што брендот од Цуфенхаузен сака да го продолжи своето богато наследство во мотоспортот. Освен тоа, F1 се насочува кон синтетичките горива, а Porsche веќе сериозно инвестира во оваа технологија како алтернативна иднина за своите спортски автомобили покрај електрификацијата.

Audi, пак, оди по друг пат, нудејќи околу 500 милиони евра за да го купи McLaren. Преговорите се отворени, а со евентуалното презенање германскиот бренд многу полесно ќе влезе во Formula 1. Според Херберт Дис, ова исто така ќе се случи после 2026 година, искористувајќи ги новите регулативи кои природно ќе им овозможат да станат конкурентни со оглед на тоа дека сите останати тимови ќе започнат од нула.

Поврзани вести

Back to top button