fbpx

VW се согласи за оштета од 10 милијарди долари во САД

Апелациониот суд во САД одобри оштета за 10 милијарди долари меѓу Volkswagen и сопствениците на автомобилите, кои се погодени од дизел скандалот. Договорот ќе донесе конкретни и значителни надоместоци за купувачите на германските автомобили.

Оваа оштета опфаќа околу 475.000 модели на Volkswagen и Audi со 2.0-литарски дизел мотори. VAG призна дека автомобилите се програмирани да ги измамат загадувачките тестови. При истрагата за произведувањето на азотни оксиди беше откриено дека автомобилите надминуваат законската граница со повеќе од 40 пати.

Според условите на договорот германскиот автомобилски концерн се согласи да  ги откупи возилата назад или да ги поправи и да му плати на секој сопственик помеѓу 5.100 и 10.000 долари дополнителна компензација.

оштета

Од Volkswagen одбија да дадат коментар за одлуката на Апелациониот суд.

Поврзани вести

Back to top button